fbpx

Nanox филтерот за прозорци како производ е всушност густа мрежа од нано влакна, кои се со дијаметар 1000 пати помали од човековата коса. Нано влакната се исклучително цврсти и формираат издржлива структура, која ги задржува дури и најмалите честички во воздухот.

Со вградување на Nanox филтерот на прозорецот, се обезбедува сигурна заштита од ПМ честички, алергени, прашина, смог, бактерии, кои преставуваат закана за здравјето на луѓето.

Wide open

Nanox филтерот го трансформира обичниот прозорец во прочистувач на воздухот, кој задржува неверојатен процент на несакани честички надвор во вашиот дом, а истовремено ги пропушта кислородните атоми кои се доволни мали.

Nanox филтерот овозможува отворен прозорец и природна вентилација на просториите во кои престојувате, што преставува важен фактор во здравјето на секој поединец.

All season

Нано технологијата создаде мултифункционален производ, кој е практичен во текот на целата година, и нуди низа придобивки.

– Штити од инсекти, и е далеку по отпорен на временските влијанија од комарник

– Спречува UV зраци

– Целосно е водоотпорен

– Задржува полен и други видови на алергени, што го прави незаменлив во пролетниот период

– Заштитува од прашина и бактерии, кои се присутни преку целата година, што го чини незаменлив фактор за одржување чиста просторија

Заштитува од сите видови на штетни честички, посебно во зимскиот период кога интензитетот на истите е загрижувачки висок

– Во одреден степен, го намалува интензитетот на надворешната бучава

Nanox филтерот за прозорци, ви нуди ново ниво на заштита.

Airflow

Nanox е резултат на нашата соработка со Respilon, европски производител и глобален лидер во квалитет на филтрите за прозорци. Пропусноста на воздухот е најважната карактеристика на производот, покрај високото ниво на заштита од несаканите честички и квалитетот на материјалот за производство и издржливоста на истиот.

Во споредба со популарните собни пречистувачи на воздухот или „air cleaner-и“, кои го преработуваат застоениот воздух во просторијата и повторно истиот го враќаат назад, Nanox филтерот овозможува природна вентилација и проветрување на просторијата што е непроценливо за здравјето на секој поединец.

Long life

Напредната технологија и материјалите кои се користат во производствениот процес на овој технолошки напреден производ е гарант за неговата долготрајност. Производот е составен од материјали кои можат да се рециклираат 100%, што го прави еколошки производ кој не ја загадува околината.

Nanox филтерот за прозорци се препорачува во:

-Градови и области, каде загадувањето на околината е на високо ниво.

-Објекти близу градилишта

-Објекти близу улици и булевари

-Објекти близу депонии

-Сите видови на здравствени институции (болници, клиники..)

-Сите видови на образовни институции ( градинки, училишта..)

-Сите домови и работни простории во загадени околини.

Производот е неопходен за простории во кои престојуваат бремени жени, деца и новороденчиња, луѓе со респираторни заболувања, постари лица, но и за сите хронично заболени лица.

Инструкции за одржување

  •  Препорачливо е филтерот да се чисти доколку на истиот има видливи наслаги на нечистотија.
  • Филтерот може целосно да се потопи во вода, на температура од 40 C степени
  • Филтерот може да прска со нежен млаз од прскалка под агол од 45 степени
  • Филтерот може да се пребрише нежно со мека крпа, но без притисок на филтерот за да не се оштети
  • Според европските стандарди, препорака на производителот е филтерот да се промени со нов во рок од 5 години.
  •  Доколку сакате да го промените филтерот со нов, контактирајте ја компанијата која го инсталирала истиот
  • Доколку го оштетите или скинете филтерот, не користете разни видови на лепила, туку контактирајте ја компанијата која го инсталирала истиот
  • Немојте да пушите близу филтерот
  • Немојте да го горите филтерот
  • Немојте да користите четка или сунѓер за чистење на филтерот, може да ги оштетите влакната

Начин на монтажа

Nanox филтерот за прозорци, може да се монтира на вашиот прозорец на повеќе начини и тоа во:
– Фиксна рамка
– Рамка на отворање со шарки
– Шибер лизгачка рамка
– Роло систем
– Систем со магнети

Nanox филтерот е достапен и во комбинација со сите видови на материјали од кои се направени профилите за монтажа:

– ПВЦ профили
– Метални профили
– Алуминиумски профили

Профилите се достапни во повеќе бои и димензии.

За монтажа на Nanox филтерот, ви препорачуваме да не контактирате на mail адресата или тел. број, кој ви е достапен на сајтот, во контакти.

Тимот на Nanox е ексклузивен увозник на филтерот за прозорци и истиот го дистрибуира на своите соработници низ територијата на Република Македонија, со цел производот да биде што е можно поблиску и подостапен до крајните потрошувачи.

Листата на соработници кои соработуваат со Nanox, каде можете да го погледнете но и да се информирате дополнително за производот ја имате достапна на сајтот во главното мени под името листа на соработници, но и веднаш во продолжение.

Сертификати за квалитет и награди

TUV сертификат за квалитет.

CN сертификат за квалитет.

Препорачано од Националниот Институт за јавно здравство на Република Чешка.

Специјална награда на Nano Tech 2014 – Tokyo, Japan.

Производот е патентиран.