fbpx

Филтерот се поставува на било кој тип на прозорец или врата како обичен комарник, било тоа да е пвц, алуминиум, дрво... фиксно или на шарки.

Процесот e контакт-земање мерка-изработка на рамка-поставување и трае неколку дена.

Во најголем број случаи возможна е замена на мрежата од веќе постоечки комарник со Nanox филтер, доколку профилот на рамката тоа го дозволува.

Секако, доколку умеете, филтер-мрежата можете сами да ја поставите.

Доколку ви треба комплетна услуга можеме да упатиме екипа за монтажа која ќе земе мерка и со која ќе се одлучите за моделот на рамката и монтажата.

Според инструкциите на производителот филтерот може да се тушира со вода од надворешната страна под агол од околу 45 степен или нежно да се протрива со мека крпа без силен притисок на самата мрежа.

Филтерот е долговечен, а препорака на производителот е да се менува на околу 5 години.

Контактирајте нè нашите тел. броеви 022460926 и 070330703 или испратете ни електронска порака на contact@nanox.mk со ваш тел. број и адреса и тимот на Nanox ќе ве контактира и со потврдување на нарачката ќеве посети професионален монтер кој ќе ја изведе целата постапка.

Гаранција претставуваат цертификатите од најеминентните светски институти кои можете да ги погледнете и да ги симнете во pdf формат од оваа страница. Истите се однесуваат на квалитетот и функционалноста на производот.

Гаранција претставуваат и видеата од тестовите кои се изведени делумно во лабораториски услови од кои резултатите се видливи со голо око.

Производител на Nanox прозорскиот филтер е компанијата Respilon, која има фирми во 11 држави ширум светот (засега). Ние имаме ексклузивен договор со Respilon Чешка Република, фирмата која има надлежност за овој дел од Европа и од таму го правиме увозот.

ПМ е кратенка од Партикулатна Материја (материја во облик на честички), Eng. - particulate matter Тоа се ситни честички на цврста материја или течност во гасовита состојба. ПМ честичките можат да бидат:

- природни – резултат на вулкани, песочни бури, шумски и степски пожари и сл. или

- создадени од човекова активност (антропогени)- согорувањето на фосилните горива во возилата, електричните централи и различни индустриски процеси.

Поделбата на ПМ честичките е според нивната величина ПМ 10 честичките се со големина помала од 10 µm (микрометри) во дијаметар. ПМ 2,5 честичките се со големина помала од 2,5 µm во дијаметар. За споредба, едно зрно песок е со големина на околу 90 µm во дијаметар

Мерењето на присуството на ПМ честичките во околината е микрограми во кубен метар. Според Светската Здравствена Организација, дозволената граница за ПМ10 честички во текот на 24 часа изнесува 50 микрограми/м3 додека за ПМ2,5 изнесува 25 микрограми/м3. Во текот на зимскиот период се случува во одредени делови на Скопје да има присуство на ПМ честички и до 20 пати повеќе од дозволеното количество.

Кога е воздухот загаден со едно вдишување внесуваме огромен број на ПМ честички. Крупните честички се налепуваат на респираторните патишта и скоро и не стигнуваат до белите дробови. Истите најчесто се исфрлаат со испирање и искашлување.

Ситните честички се многу поопасни. Тие стигнуваат до белите дробови, а тие поситни од 2,5 микрометри директно навлегуваат во крвотокот и на тој начин се транспортираат низ целиот организам.

Според медицината, дишењето на загаден воздухот може да предизвика мозочен удар, срцеви заболувања, рак на бели дробови и други болести. Овие болести, кои се последица од аерозагадувањето, значително ја подигаат стапката на смртност на подрачјето на Македонија во зимскиот период. Неофицијалните информации (официјални не постојат) говорат дека како резултат на аерозагадувањето има до 1200 смртни случаи на годишно ниво во Македонија.